Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Џони Деп потпиша милионски договор со познат бренд

Џони Деп потпиша милионски договор со познат бренд
Img 7972

Џони Деп и „Диор саваж“ (Dior Sauvage) го продолжуваат своето партнерство со нов договор од 20 милиони долари.

dobivaj vesti na viber

Изминатите неколку години беа сушни за Деп благодарение на судењето со Амбер Херд, но среќата се сврти кон актерот со повеќе проекти што се нижат, а сега и нов договор со „Диор“.

Веста прв ја објави „Вараети“, а ја потврди извор од компанијата. Тригодишниот договор, вреден над 20 милиони долари, е најскап договор за машки парфем.

„Диор“ беше еден од ретките што застанаа покрај Деп во изминатите неколку години.

Минатата година, додека Деп беше под лупа среде бурна судска битка со поранешната сопруга, „Диор“ не се откажа од актерот, кој беше заштитно лице на парфемот „Саваж“ од неговото лансирање во 2015 година.

Три месеци откако Деп излезе како победник во тужбата за клевета, „Диор јбути“ го промовира Деп во нова кампања, која беше споделена на инстаграм-профилот на брендот.

„Длабоко и автентично, Џони Деп ја отелотворува опојната магија на ‘Саваж’“, сподели брендот во септември 2022 година. Друга објава истиот ден гласеше: „Повеќе од кога било, Џони Деп е душата на ‘Саваж’“.

Со оваа голема зделка, ќе продолжите да го гледате Деп во пустина, опкружен со волци, како свири на гитара за да ја промовира својата колонска вода со потпис Sauvage најмалку во следните три години, коментираат таблоидите.

Можете да прочитате

Ова овошје е најдобро да се јаде наутро ако сакате да ослабете

Лутеница со моркови и пиперки: Според рецептот на баба за уживање во текот на целата зима

Нова надеж за пациентите со хронични рани, комбинација на лекови со неверојатен ефект