Утрински Весник
Магазин

Ниту Хамилтон, ниту Круз… Шакира не е заинтересирана за врска: Сè е пријателски

Ниту Хамилтон, ниту Круз… Шакира не е заинтересирана за врска: Сè е пријателски

Во последните денови Шакира беше видена во друштво на една спортска и една филмска ѕвезда, што поттикна шпекулации за можна романса.

dobivaj vesti na viber

Но, таа наводно не е заинтересирана да биде со Луис Хамилтон или Том Круз.

Латино пејачката (45), позната по хитовите Hips Don’t Lie и Whenever, особено по ориенталниот танц и неверојатното вртење со колковите, веќе една недела е на насловните страници на таблоидите откако беше фотографирана со тркачот во Формула 1 (38), а ден пред тоа со холивудскиот актер (60).

Нејзината семејна пријателка Ана Лурдес Мартинез во разговор со „Пејџ сикс“ нагласи дека Шакира, мајка на две деца, воопшто не размислува за нова врска.

„Кога пријателите се во Мајами, тие се собираат. Новинарите сакаат да создадат романса, но таа го познава Том долго време. Таа е фокусирана на своето семејство,“ вели Мартинез.

„Таа постојано работи. Пишува текстови за нови песни и долго време поминува во студио. Вежба, се грижи за своето тело и се храни здраво.“

Шакира, која закрепнува од горчливата разделба од шпанскиот фудбалер Жерар Пике (36), беше фотографирана со Круз на Ф1-трка во Мајами.

Том и Шакира беа во Мајами за да ја бодрат британската тркачка сензација Луис Хамилтон, со кого таа потоа беше на возење со глисер.

Возачот на „Мерцедес“ и неколку негови пријатели ја зедеоа Шакира од задната страна на нејзината вила од 16 милиони фунти во Мајами Бич, пред да појдат на крстарење околу заливот Бискејн.

Фотографиите веднаш ги преплавија таблоидите.

 

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста