Утрински Весник
Македонија

(Видео) Груби смени маица, испрати поздрави и честитки, па ги покани сите да се качат на возот кој нема да сопира

(Видео) Груби смени маица, испрати поздрави и честитки, па ги покани сите да се качат на возот кој нема да сопира

Подиум со автопатски линии, пулт со „10Д“ и Артан Груби со маичка со истата ознака. Вака изгледаше церемонијата за отпочнување на изградбата на коридорот 10Д. Имаше поздрав на три јазици, па кажа дека е среќен што денот ќе го сподели денот со присутните. На премиерот Димитар Ковачевски му се заблагодари на поддршката за проектот за коридорите 8 и 10Д. Преку собранискиот претседател Талат Џафери им се заблагодари и на пратениците. Од пултот неколку минути имаше и низа други поздрави.

dobivaj vesti na viber

Veronika Koceva

„Овој проект продолжува и сите Влади, а следната секако ќе биде истата како оваа денеска, ќе го заврши овој проект, ќе ги пресече лентите. Втората порака денеска ми е тоа што го гледате денеска во Собрание и тоа што Владата го направи е порака дека е дојден крај на заложништвото на Собранието, проектите и иднината на граѓаните. Ова мнозинство, демонстрира како значи да се стави крај на блокадата. Од денес при изградба на вакви проекти, упатувам порака дека е дојдено време од денеска да ставиме крај и на блокадата на нашето европско интегрирање“, кажа Груби.

Груби кажа дека тој е качен на воз, па ги покани и другите. Им рече: „Овој воз вози кон Брисел и никој не може да го сопре“.

На претходната церемонија, Груби се појави со маичка „8“, што подоцна ја подари на новинар.

Можете да прочитате

Воената академија во Скопје ќе добие спортска сала, покрај питомците ќе ја користат и училиштата во општина Аеродром

Задутре времен застој на ГП “Делчево” заради градежни работи

Ангелов го испрати воздухопловниот тим на хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка