Утрински Весник
Македонија

Османи во Босна и Херцеговина: Посета на една од најголемите теренски мисии на ОБСЕ и средби со државниот врв

Османи во посета на Турција, како претседавач на ОБСЕ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска и утре ќе присуствува во официјална посета на Босна и Херцеговина во рамки на неговите активности како Претседавач со ОБСЕ.

dobivaj vesti na viber

Во БиХ, Османи ќе има средби со државниот врв, претставници на Парламентот, претставници на граѓански организации, како и други партнери и соработници на ОБСЕ.

При посетата и разговорите со официјалните лица од БиХ, Османи ќе се осврне на насоката во која ќе се движи понатамошната соработка помеѓу ОБСЕ и БиХ, како и поддршката на приоритетните области за БиХ од страна на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ – засилена борба против корупцијата, помирувањето и зајакнување на социјалната кохезија.

Мисијата на ОБСЕ во Босна и Херцеговина е една од најголемите теренски мисии на Организацијата за безбедност и соработка во Европа. Со нејзино седиште во Сараево и 8 теренски канцеларии, Мисијата на ОБСЕ во БиХ придонесува во градење на капацитетите на институциите и директно градење на довербата меѓу граѓаните.

Можете да прочитате

М-НАВ им забрани влез на синдикалците додека вдомува партиски кадри

Краток летен здив за политичарите: Мицкоски во Хрватска, Муцунски во Турција, а Сиљановска активна во Охрид

Забраната за движење во шуми продолжена до крајот на август