Утрински Весник
Спорт

Триплета на Сити ќе му донесе 330 милиони евра

Триплета на Сити ќе му донесе 330 милиони евра

Манчестер сити се уште се во игра за три трофеи оваа сезона. Пеп Гвардиола и неговите играчи се надеваат на триумф во Премиер лигата каде се први на табелата, Лигата на шампионите во која играат полуфинале и ФА Купот во кој за трофејот ќе се соочат со Манчестер јунајтед. Три освоени титули би додале околу 330 милиони евра во клупската каса.

dobivaj vesti na viber

Англиските медиуми пишуваат дека петтата титула во последните шест сезони од Премиер лигата на клубот би му донела околу 190 милиони евра. Фудбалерите на Сити имаат уште натпревари против Евертон, Челзи, Брајтон и Брентфорд. Клубот би добил дополнителни 4,5 милиони евра за освојување на ФА Купот.

Освојувањето на Лигата на шампионите носи околу 135 милиони евра, но и можност за зголемување на буџетот.

Доколку ја освои Лигата на шампионите, Сити ќе оди на Светското клупско првенство. Наградата за негово освојување изнесува околу 58 милиони евра.

Можете да прочитате

Триумф на македонските кошаркари во Даблин против Република Ирска

Без победник на дербито во Премиер лигата

Седум лица се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир по завршувањето на фудбалскиот натпревар меѓу ФК Вардар и ФК Шкупи