Утрински Весник
Свет

(Видео) Неколку автомобили во пламен по експлозија во Милано

(Видео) Неколку автомобили во пламен по експлозија во Милано

Силна експлозија го погоди центарот на италијанскиот град Милано, објави новинскиот канал „Скај ТГ 24“.

dobivaj vesti na viber

Неколку возила се запалени како резултат на инцидентот, соопшти телевизијата. Наводно, комбе експлодирало на улица во квартот Порта Ромања во близина на центарот на Милано.

Видеоснимките од местото на настанот прикажуваат паркирани автомобили како горат и облак густ црн чад што се издигнува кон небото. Според извештаите, по експлозијата, било евакуирано блиското училиште.

Причината за експлозијата не е позната.

Можете да прочитате

Дрон влезе во романскиот воздушен простор

Дунав на рекордно ниско ниво, Романија го затвора единствениот преостанат нуклеарен реактор

Зеленски за Си-Ен-Ен: Украина има само една 10% од американските пресретнувачки ракети што ѝ се потребни