Утрински Весник
Македонија

52 санкционирани возачи на мотоцикли, три мотоцикли одземени

Кривична пријава против две лица од Скопје за давање поткуп на вработена во Одделението за урбанизам

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 11.00 до 18.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 52 возачи. Од нив, 21 возач не користел заштитна кацига за време на возење, 19 возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава.

dobivaj vesti na viber

За време на контролата санкционирани се и 203 други видови на сообраќајни прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Се бара притвор за едно од лицата кои физички ја нападнале Арсовска – познати сите детали од Обвинителството

МВР: Одобрено 24 часовно обезбедување на градоначалничката Арсовска

Проф. Трајковски: Државата, односно градските комунални служби треба веднаш во присуство на илјадници полицајци да влезат во скопски Чаир и да ги урнат оние 150 бесправно изградени згради