Утрински Весник
Македонија

ЈП “Улици и патишта ” Скопје започнува со активности за чистење на езерцата и каналите во градскиот парк

ЈП “Улици и патишта ” Скопје започнува со активности за чистење на езерцата и каналите во градскиот парк

Јавното претпријатије „Улици и патишта” започнуваат со активностите за комплетно чистење на каналите и езерцата во првиот и во вториот дел од Градскиот парк, кои не се чистени околу пет години. Подготвителните активности за чистење на езерцата веќе се во тек, а екипите од понеделник ќе ги отпочнат активностите за чистење кои ќе се одвиваат во неколку фази.

dobivaj vesti na viber

„Во првата фаза се стопира дотокот на вода и се заловува и згрижува рибниот фонд во соодветни услови за чување се до негово повторно враќање. Со пумпи се вади останатата количина на вода во езерата и се суши површината, по што во втората фаза следува машинско чистење на езерцата од лисја, отпадоци, мил и наноси од земја. Се чисти и каналот по кој тече вода во езерскиот систем во паркот по што во завршната фаза се полнат езерата.

Активностите за чистење на езерцата во градскиот парк ќе се изведуваат и во наредниот период, а ЈП Улици и патишта Скопје апелираат до граѓаните да не фрлаат отпадоци во каналите и во езерцата и да ја одржуваат хигиената на зелените површини во паркот“,  велат од ЈП „Улици и патишта“ во своето соопштение.

Можете да прочитате

Поставен нов софистициран скенер во ЦИ Пошти – голем чекор напред во борбата против шверц на оружје и дрога во поштенски пратки

Опожарен стан во Куманово  – 24info.mk

Тошковски за гласините за негова смена: Почнав премногу проекти што треба да ги завршам наредната година