Утрински Весник
Свет

(Видео) Пендиков со нови обвинувања: Бугарите во Северна Македонија секој ден трпат притисок од тамошните власти

(Видео) Пендиков со нови обвинувања: Бугарите во Северна Македонија секој ден трпат притисок од тамошните власти

Христијан Пендиков стана бугарски државјанин. Нему му беше врачено државјанството со највисоки почести. Потпретседателката Илијана Јотова му го врати листот по интонација на химната. Пендиков, пак, одново обвини дека Бугарите во Македонија трпат притисоци од власта.

dobivaj vesti na viber

„Сакам да им се заблагодарам на претседателот на Република Бугарија, на заменик-претседателот, на сите министерства, кои ми помогнавте, на сите пријатели. Благодарност до полицијата, која секојдневно се грижеше и сè уште се грижат за мојата сигурност затоа што ме заплашуваат. Сакам да му се заблагодарам и на докторот кој уште ми помага, како што им помага и на македонските Бугари, кои се трудат за нашата кауза“, рече Пендиков.

Тој додаде: „Во Македонија има уште многу македонски Бугари кои се борат секојдневно за нашата кауза и идеологија, кои се во првите редови на идеологијата. Тие секојдневно се во Северна Македонија и трпат притисок од тамошните власти“, рече Пендиков.

Тазе Бугаринот, Пендиков, е родум од Охрид. За јавноста непознат додека не беше натепан, инцидент што потоа беше политизиран. Како причина беше наведено тоа што Пендиков се декларира како Бугарин, а се зборуваше дека тој имал нерасчистени сметки со напаѓачите. Тој беше секретар на сега згаснатиот бугарски клуб во Охрид, со контроверзно име „Цар Борис III“.

Против него, се води и предмет во охридското Обвинителство поради омаловажување на македонскиот народ и Македонија.

Можете да прочитате

Профитот на Тојота намален за 37 проценти

Полицијата во Британија со невидлив спреј ќе ги обележува хулиганите на стадионите

Холандската полиција заплени над 90 килограми наркотици испратени по пошта