Утрински Весник
Свет

Пригожин првпат директно го повика Путин: го нарече „среќен дедо“, а потоа брутално го навредуваше

Шефот на „Вагнер“ призна дека се мешал во американските избори

Лидерот на руската паравоена формација Вагнер Евгениј Пригожин за прв пат упати директен повик до рускиот претседател Владимир Путин, нарекувајќи го „дедо“ кој не гледа што се случува во неговата земја.

dobivaj vesti na viber

Имено, Пригожин објави видео во кое повторно жали поради недостигот на муниција и го обвинува руското Министерство за одбрана за тоа што доцни ветената испорака, пишува Киев пост.

„Некои луѓе се борат и штедат резерви, а некои собираат резерви наместо да ги снабдуваат војниците на фронтот. И наместо да потрошат граната, да го убијат непријателот, да ги спасат животите на нашите војници, тие ги убиваат нашите војници“, рече Пригожин.

Потоа, според многумина, тој директно му се обратил на Путин.

„А среќниот дедо мисли дека се е добро. И што треба да направи државата понатаму? Господ да ги благослови сите“, рече Пригожин.

Неговите последователни изјави во голема мера ги подгреаа сомнежите дека дедото е всушност Путин.

„Но, што треба да направи државата, што да прават нашите деца, внуци и иднината на Русија и како да ја добиеме војната ако случајно, претпоставувам, излезе дека овој дедо е целосно ѓубре“, додава тој.

Можете да прочитате

Либанскиот премиер ја повика армијата да го стави целото оружје во земјата под владина контрола

НАСА планира да изгради нуклеарен реактор на Месечината

Речиси 30.000 дезертери доброволно се вратија да служат во украинската армија по сила на законот за амнестија