Утрински Весник
Магазин

Том Круз се дружи со Шакира на Формула 1 гран при во Мајами

Том Круз се дружи со Шакира на Формула 1 гран при во Мајами

Том Круз и Шакира беа забележани заедно на Гранпри викендот во Формула 1 во Мајами.

dobivaj vesti na viber

Холивудската икона Круз (60), кој му го честиташе крунисувањето на кралот Чарлс со видеопорака на која се гледа како лета со стар борбен авион, изгледа како полетен срцекршач со својата разбушавена коса и бела поло маица.

Колумбиската пејачка Шакира (46) носи секси зелен топ што го истакнува деколтето, и се чини дека одлично се забавува со суперѕвездата на „Невозможна мисија“ и „Топ-ган“.

Ова се случува еден ден откако таа индиректно алудираше на поранешниот сопруг Пике при примањето на наградата на „Билборд“ за жена на годината на првото издание на „Латино жените во музиката“.

Атрактивната Колумбијка го доби ова признание во рамки на гала вечерта во организација на „Билборд“ што се одржа во Мајами, каде што пејачката престојува со своите деца по разводот од Пике.

Колумбиската пејачка беше видно емотивна додека говореше за своите ставови за љубовта и врските – една година по нејзината горчлива разделба од шпанскиот фудбалер.

„Во животот на секоја жена доаѓа момент во кој таа повеќе не зависи од некого за да се сака или да се прифати себеси каква што е. Потрагата по другиот се заменува со потрагата по себе, а желбата да се биде совршена за некого се заменува со желбата да се биде автентична,“ рече Шкира на свеченоста.

„Ние жените сме многу посилни отколку што мислиме. Ние сме похрабри од она што мислиме дека сме. Мислам дека сме и понезависни отколку што нè учат да бидеме. Која жена не поминала низ искуството на барање внимание, нежност или одобрување од друг и заборавила на себе. Тоа ми се случи мене.“

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста