Утрински Весник
Економија

Цените на нафтата во пад, утрово 76 долари за барел на светскиот пазар

Цените на нафтата во пад, утрово 76 долари за барел на светскиот пазар
Dik 300x250 mk

Цените на нафтата на светскиот пазар денеска паѓаат поради неочекуваниот пораст на залихите на нафта во Америка, додека инвеститорите очекуваат податоци за инфлацијата во таа земја. Во Лондон цената на суровата нафта „брент“ е пониска за 52 центи или 0,7 отсто и сега изнесува 76,92 долари за барел.

dobivaj vesti na viber

Во Њујорк цената на лесната сурова нафта падна за 49 центи, или 0,7 отсто, на 73,22 долари за барел.

Аналитичарите велат дека зголемувањето на залихите на сурова нафта во Америка за околу 3,6 милиони барели е можен знак за пад на побарувачката, додека залихите на бензин исто така се зголемуваат за 399.000 барели. Претходно, аналитичарите предвидуваа пад на залихите на сурова нафта.

Во текот на денот ќе биде објавен потрошувачкиот индекс во Америка  за април.

 

Можете да прочитате

Привршуваат подготовките за откупот на тутунот

Расправа за Предлог-буџетот за 2026 година во матичната собраниска комисија на 14 ноември

Инфлација зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта, велат од СДСМ