Утрински Весник
Македонија

Приведен криумчар кој се обидел да побегне, пронајдени 11 мигранти кај Неготино

Приведен криумчар на мигранти, превезувал лица од Сирија

Во текот на вчерашниот ден во 08.15 часот кај Железничката станица Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар Југ го лишиле од слобода А.Г.(39) од Богданци. При преглед во патничкото возило „ауди“, кое го управувал со регистарски таблички од друго возило, пронајдени се 11 лица мигранти од Сирија, од кои четири малолетници.

dobivaj vesti na viber

Имено, претходно, тој бил забележан на регионален пат Демир Капија-Неготино, кај с.Тремник, но не застанал со возилото на даден знак од полициски службеник и се обидел да побегне, но набргу фил фатен и лишен од слобода.

А.Г. бил задржан во полициска станица, возилото било одземено, а мигрантите биле сместени во прифатно-транзитен центар. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Колку години треба да работите за да купите стан од 60 м²?

Андоновски: Владата останува цврсто посветена на исполнување на европските критериуми

Од пријавени 248 гласале 242 болни или изнемоштени лица