Утрински Весник
Спорт

Реал во реваншот ќе игра и против традицијата

Реал во реваншот ќе игра и против традицијата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Без победник (1:1) заврши првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите помеѓу Реал и Манчестер Сити. Наредната среда на програмата е реваншот во Манчестер, по кој ќе биде познато кој ќе патува на финалето во Истанбул.

dobivaj vesti na viber

Реал на „Итихад“, ќе брка резултат, а токму Бензема и соиграчите се најопасни во вториот мандат на Карло Анчелоти. Минатата сезона, Реал со неверојатни пресврти ги елиминираше Челси и Манчестер сити. Разликата е само во тоа, што лани реваншот Реал ги играше на домашен терен.

Што вели традицијата? Како поминува Реал кога ремизираат 1:1 на „Сантијаго Бернабеу“ во првиот натпревар. Реал пред овој двомеч шест пати бил во таква ситуација, само еднаш успеа да направи позитивен резултат на гостински терен.

Тоа се случи во сезоната 2012/13. кога одигра 1:1 против Манчестер Јунајтед во Мадрид во првиот осминафинален натпревар. Во реваншот на „Олд Трафорд“ беше 2:1 за Реал и тие поминаа во следната фаза. Последен пат во ваква ситуација Реал се најде во сезоната 2020/21.

Тогаш во оваа фаза Реал се најде против, како и сега, клуб од Премиер лигата. Челзи предводен од Томас Тухел успеа да избори 1:1 на „Сантијаго Бернабеу“, а во реваншот на „Стемфорд Бриџ“ беше 2:0 за сините, кои потоа ја освоија титулата.

Можете да прочитате

Македонските ракометари ги продолжуваат подготовките

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини