Утрински Весник
Свет

Париз и Лондон со повик до ЕУ: „Прогласете го „Вагнер“ за терористичка организација“

Париз и Лондон со повик до ЕУ: „Прогласете го „Вагнер“ за терористичка организација“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Франција ја повика Европската унија да ја прогласи руската воена компанија „Вагнер“ за терористичка организација, бидејќи според написите, Велика Британија се подготвува да го стори истото.

dobivaj vesti na viber

Велика Британија е подготвена формално да го прогласи „Вагнер“ за терористичка организација, што би значело воведување санкции и други казни за групата и нејзините членови, што би го зголемило притисокот врз Русија, објави лондонски „Тајмс“.

Повикувајќи се на владин извор, весникот наведува дека полицискиот оддел на ОК водел случај против „Вагнер“ два месеци и дека забраната на групата е „неизбежна“ за неколку недели.

Ако „Вагнер“ биде забранет, секој кој припаѓа на групата, присуствува на нејзините состаноци, ја поддржува или го носи нејзиниот грб во јавноста, ќе биде кривично гонет.

Би биле воведени санкции за групата, па „Вагнер“ нема да може да ги користи парите што би минувале низ британскиот финансиски систем.

Нема докази дека „Вагнер“ или поединци поврзани со групата биле активни во Британија од почетокот на војната во Украина, додава „Тајмс“.

Сепак, постои „сомнеж“ дека групата помогнала да се извлечат руски пари од Британија откако Лондон воведе санкции за руските олигарси и сојузниците на рускиот претседател Владимир Путин, изјави владин извор.

Што се однесува до Франција, Париз официјално ја повика ЕУ да го назначи „Вагнер“ за терористичка група.

Францускиот парламент усвои резолуција со која и се препорачува на ЕУ да го стави „Вагнер“ на листата на терористички организации, објави „Гардијан“.

„Каде и да „оперираат“, членовите на „Вагнер“ шират нестабилност и насилство. Тие убиваат и мачат. Тие масакрираат и ограбуваат. Тие заплашуваат и манипулираат, знаете, неказнето“, рече пратеникот Бенџамин Хадад во парламентот.

Тој додаде дека не станува збор за „обични платеници кои бараат пари“, туку дека членовите на „Вагнер“, како што наведе, „од Мали до Украина ја поддржуваат агресивната политика на режимот на Владимир Путин“.

Можете да прочитате

Само три инспекции за 10 години: Сопственикот на барот во Кран-Монтана тврди дека ги исполнувал сите стандарди

Голем број на регистрирани возила во Норвешка лани биле целосно електрични

128 новинари и медиумски работници се убиени во светот минатата година