Утрински Весник
Македонија

Мицкоски до Ахмети: Доста беше крадење, време е за пензија

Мицкоски до Ахмети: Доста беше крадење, време е за пензија

22 години ДУИ е дел од сите порази на Македонија. 22 години власт ДУИ е дел од сите афери, од сите скандали, од сите патења на народот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска од Тетово.

dobivaj vesti na viber

Тој му порача на Ахмети:„Доста е, до тука беше. Доста крадевте и градите среќа на несреќата на народот. Доста ја пиете крвта на народот кој се помалку го има. Време е за пензија и опозиција.

А тоа народот ќе ви го испорача на овие избори. Тоа народот ќе и го испрати во име на сите предавства, порази и неуспеси. ВМРО-ДПМНЕ ќе ве испрати во пензија и во неславниот дел од историјата заедно со народот.

Со право народот е бесен и гневен. Погледнете низ полог. Села со се помалку светилки. Села со се помалку огништа по дворовите. Луѓето се иселуваат. Побарајте ја фабриката за автомобили во Тетово кои лани ја најавија. Празна ливада, фабрика нема. Тетово се уште мака мачи со вода за пиење иако е под Шара. Во Шипковица камче не е помрднато од последните поплави. Ниту едно шарпланинско населено место нема канализација, а повеќето немаат ниту пристапен квалитетен пат“ рече тој.

Мицкоски додаде дека иселувањето е еднаков проблем насекаде во Македонија.

„Празни маала, празни куќи и станови. И Албанците страдаат подеднакво како Македонците.Луѓето денес се иселуваат не само поради сиромаштијата туку и се повеќе луѓе со добри или просечни примања ја напуштаат земјата затоа што не гледаат надеж, затоа што системот не фукнционира и затоа што го губат мотивот за живот во својата родна грутка поради сета немоќ и неспособност на власта и кликите кои владеат во Македонија“ рече тој.

Можете да прочитате

Ристески: Аман Димче, не плачи – 24info.mk

Мојсоска: Зедоа 500 милиони евеа кредит и не набавија ниту едно противпожарно возило

Апасиев за „Фокус“: Следен пат, нога во глава ќе добие Пеката ако ми пцуе бремена жена и дете