Утрински Весник
Македонија

Родилката од Дебар: Барав сопругот да ме земе од таа кобна болница за да ме однесе во друга, не дома, како што рече сестрата

Повторно одложено судењето за родилката Јилдиз Веаповска од Дебар

Родилката од Дебар, Јалдз Веапоска која по царски рез остана без матка, бубрег и јајчник во струшката болница, од денешното судење за нејзиниот случај излезе со дополнителна горчина оти смета дека сестрата Сарита Пешиноска сведочела во корист на одбраната. Веапоска вели дека она што го кажала сестрата Сарита Пешиноска било само делумно точно.

dobivaj vesti na viber

„Таа рече дека сум сакала да си одам дома, ама кој човек со болки сака да си оди дома? Се сеќавам на сестрата многу добро. Таа ми помагаше, ми го причува бебето оти јас бев во ужасни болки, ми го подаде телефонот за да му се јавам на сопругот. Јас зборував со сопругот, не се неа, како што таа прикажа. Барав да дојде да ме земе од таа кобна болница и да ме однесе во друга, некаде каде што ќе ми помогнат оти тука се полошо ми стануваше. А таа престави дека нејзе сум и кажала дека сакам да си одам дома. Јас не бев во состојба за дома. Му кажав дека не сум добро, дека умирам и дека мора да ме однесе некаде каде што ќе ми пружат помош. Ми се слоши и додека разговарав со сопругот, ми падна телефонот. Во ниеден момент не барав од неа да ме пушти од болница. Потоа се случи операцијата што ме остави инвалид“, вели Веапоска.

На денешното судење медицинската сестра на гинеколошкото одделение во струшката болница, Пешиноска, која ја подготвила Веапоска за операцијата во која и беа извадени органите, сведочеше дека непосредно пред операцијата Веапоска кажала дека се чувствува добро и сака да си оди дома, но таа повикала лекар, ја задржале и ја оперирале.

Следното судење е на 21 јуни кога треба да сведочат вештаците од Институтот за судска медицина од кои Веапоска очекува да ја кажат вистината и да ја лоцираат вината за извадените органи.

Веапоска остана без органите откако се породи со царски рез во 2020 година во болницата во Струга, а судењата за нејзиниот случај почнаа годинава. Првообвинет е Мухамед Асани, гинеколог-акушер, кој тогаш беше директор на болницата, неговиот син Блерим Асани, специјализант по гинекологија и акушерство и Лилјана Јовановска, лекарка гинеколог-акушер, која била дежурна кога се случила операцијата.

Можете да прочитате

Утре сончево и топло време

Муцунски: 8 Македонци најпрво со конвој до Египет па со државен авион ќе бидат вратени од Израел до Македонија

Првата Национална младинска летна школа за социјална инклузија од денеска е официјално отворена