Утрински Весник
Македонија

„Не косите росну траву“- омилена песна на скопските градоначалници

9c370f3e e6d7 4360 a441 1916a63e4006

Јавните површини, паркови, тревници и детски игралишта низ скопските општини се целосно обраснати со висока трева пишува 24инфо.мк.
Ѓорче Петров, Аеродром, Бутел, Гази Баба се само дел од општините од каде граѓаните објавуваат неискосени зелени површини.

Пролетните дождови, сонцето, но и очигледното отсуство на општинските служби придонесоа детските катчиња и маалските паркови да бидат претворени во мали џунгли, со голема опасност од појава на змии и други влекачи.

Очигледно, како што коментираат скопјани на социјалните мрежи, рефренот „Не косите росну траву“ од легендарниот пејач Тома Здравковиќ им е омилен на скопските градоначалници.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Против кого протестира Бујар Ахмети, против самиот себе или против својот чичко Али Ахмети?

СДСМ: Уште 9 дена до неисполнување на ветувањето на Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев повторно нудат распродажба на Македонија за личен спас