Утрински Весник
Македонија

Тринаесет лица повредени во тешка сообраќајка кај Стајковци

Прегазен велешанец

Тринаесет лица се здобиле со повреди во сообраќајната несреќа што се случи викендов на локалниот пат с.Брњарци–с.Стајковци, Скопско.

dobivaj vesti na viber

Според информациите од МВР во несреќата учествувале три возила – „ауди“ управувано од малолетник од Скопје, „нисан“ управуван од И.Б.(35) од с.Страчинци и „ауди“ управувано од А.М.(30) од с.Никиштане, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот И.Б. и сопатниците од неговото возило Љ.Б.(25), С.Б.(62) и З.Б.(37), сите од с.Страчинци, а со телесни повреди се здобиле возачот А.М. и осум сопатници од сите три возила, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Граѓанска држава или систем на колективни привилегии?

Со мопед излетал од пат кај Свети Николе

Формирано Здружение на металурзи – експертите бараат науката да има поголем глас во дебатата за рударството