Утрински Весник
Македонија

Владата: Северна Македонија и САД во континуитет негуваат продуктивен политички дијалог

Владата: Северна Македонија и САД во континуитет негуваат продуктивен политички дијалог

Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на посетата на Вашингтон, присуствуваше на прием кој се одржа во нашата Амбасада во Вашингтон, а на кој беа присутни високи гости претставници на американската администрација и Конгрес, меѓу кои и конгресменката Вероника Ескобар, специјалниот претставник на САД за Западен Балкан и заменик помошник државен секретар на САД Габриел Ескобар, поранешниот амбасадор на САД во Северна Македонија Филип Рикер и сегашната амбасадорката на САД во Скопје, Ангела Агелер, повеќе претставници Стејт департмент, Пентагон, Националниот совет за безбедност и др.

dobivaj vesti na viber

Премиерот во разговор со заменикот државен секретар на САД, Ескобар, оцени дека Северна Македонија и САД во континуитет негуваат продуктивен политички дијалог и имаат силно стратешко партнерство.

Ковачевски изрази уверување дека со помош на САД ќе се изнајдат решенија на сите отворени прашања во регионот по пат на дијалог, што би довело до побрза интеграција во ЕУ на земјите од Западен Балкан.

Премиерот нагласи дека Република Северна Македонија и во иднина ќе биде фактор на стабилност во регионот, практикувајќи ги и во иднина политиките на дијалог и негување на добрососедските односи.

Присутните соговорници уште еднаш потврдија дека иднината на Западен Балкан е во ЕУ и земјите посветено треба да работат на реформските процеси, негување на добросоедските односи, заштита на човековите права и слободи.

Ковачевски изрази благодарност до САД за поддршката и охрабрувањето на нашата земја во сите важни процеси за нејзин напредок и просперитет, како на внатрешно- политички, безбедносен, така и на меѓународен план.

Можете да прочитате

Две лица пренесени во болница по тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница

Јаневска: Квалитетното образование се темели на добри наставници

,,Ера” и музичките концерти го отвараат официјалниот репертоар на 24.CINEDAYS