Утрински Весник
Економија

СДСМ: Законските измени важат и за проектите финансирани од ЕУ а не само за коридорите

СДСМ: Законските измени важат и за проектите финансирани од ЕУ а не само за коридорите

Со предог законите кои влегуваат во собраниска процедура се унапредува ефикасноста во изградбата на патната, железничката и енергетската инфраструктура во државата, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„На тој начин, се обезбедува побрза, поевтина и квалитетна изградба не само на коридорите 8 и 10д, туку и за сите идни национални и стратешки проекти, како железници, гасоводи и други важни инфраструктурни проекти. Тука спаѓаат и проекти финансирани од ЕУ, од меѓународни финансиски институции.

Коридорот 8, ЕУ веќе го карактеризира како европски коридор со геостратешко значење. Сите предложени законски измени се во согласност со Уставот и со нивното донесување ќе се заштедат 150 милиони евра и две години изградба за коридорите 8 и 10Д.

Ова е најголемиот проект во инфраструктурата во историјата на државата, во вредност од 1,3 милијарди евра. Од тие средства, најмалку 600 милиони евра ќе завршат кај наши, домашни компании“ соопштија од владејачката партија.

Со изградбата на коридорите, како што додаваат, македонската економија добива пристап до две нови пристаништа, она во Драч и она во Бургас и наместо кружен тек, конечно станува вистинска крстосница.

Исто така наведуваат дека покрај унапредувањето на инфраструктурата, изградбата на овие коридори, носи и економски придобивки, со отворање на 8.000 нови работни места и номинален раст на БДП од два отсто годишно,

Можете да прочитате

ССКМ : Потпишувањето на договорот за соработка е порака која бизнис секторот ја препознава

ССМ: Минималните месечни трошоци во ноември 65.173 денари

МФ: Нема промени во делот на наплата на ДДВ при прием на пратки од „Тему“ со измените на Законот за ДДВ