Утрински Весник
Спорт

Мурињо: Игравме против најдобриот тим во Италија

Мурињо: Игравме против најдобриот тим во Италија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Рома доживеа пораз од Интер (0:2) и остана без шанси сезоната да ја заврши меѓу најдобрите четири тима во Серија А. Рома, пласман во Лигата на шампионите може да освои само преку Лига Европа. Во полуфиналето тимот на Жозе Мурињо ќе игра против Баер Леверкузен.

dobivaj vesti na viber

Жозе Мурињо, по поразот од екипата со која во 2010 година ја освои триплета, изјави дека нема забелешки за борбеноста и желбата која ја покажале неговите фудбалери.

„Едноставно, им кажав дека се чувствувам неверојатно горд на се што направија. На трудот што го вложија, особено оние кои се уморни, оние кои практично играа со едната нога, кои играа со лекови против болки. Сите тие момци се способни да направат нешто фантастично со овие навивачи“, изјави Мурињо. и потоа го пофали противникот.

-„Ме знаете каков сум, секогаш ми е тешко да голтнам пораз. Но, си одам дома со големо чувство на гордост. Игравме против најдобриот тим во Италија, кој игра и во полуфиналето на Лигата на шампионите. На момците им дадов слободен ден утре“.

Можете да прочитате

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата

Претседателот на Фенербахче приведен во истрага за дрога

Адријана Поп Арсова и Андреас Трајковски најдобри македонски атлетичари во 2025