Утрински Весник
Македонија

Рамо до рамо во Кочани, Берово и Штип: Градиме стабилна и развојна економија

Рамо до рамо во Кочани, Берово и Штип: Градиме стабилна и развојна економија

Теренските активности на СДСМ, „Рамо до рамо до победа“ продолжија и денеска со средби на тимовите на СДСМ со граѓаните во општините Кочани, Берово и Штип.

dobivaj vesti na viber

И во време на светска економска криза покажавме дека преку успешни политики можеме да градиме стабилна и развојна економија, атрактивна за странските компании и економија која гарантира подобар живот за нашите граѓани, истакна потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи, кој заедно со Кети Василевска оствари средби со граѓаните на Кочани.

Битиќи нагласи дека добрите политики за креирање на предвидлива бизнис клима која е важна за инвеститорите, доверлив партнер кој го имаат во Владата, членството во НАТО кое носи дополнителна стабилност и сето ова без скапи роад шоа, лани резултираше со историски рекорден износ на странски директни инвестиции во државата во износ од 753,8 милиони евра.

СДСМ е рамо до рамо до секој еден, заедно до подобри и подобро платени работни места и добар живот за сите, порача Битиќи пред граѓаните на Кочани.

Членот на ЦО на СДСМ, Љупчо Николовски и портпаролката Богданка Кузеска денеска беа во Берово, како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“.

Николовски пред пристуните зборуваше за политиките на СДСМ во земјоделството и нагласи дека субвенциите се исплатуваат редовно и навремено, за првпат се воведува авансна исплата на дел од субвенциите.

ИПАРД е нашата успешна приказна, со која сите треба да се гордееме. Една мала земја како нашата успеа да се избори за лидерското место во регионот, имаме инвестиции колку Срвија, Црна Гора и Албанија заедно. Имаме искористеност на европската програма ИПАРД 2 од 98%, со склучени 2.369 договори, кои значат зголемено производство, нови вработувања поголем рурален туризам и зголемена домашна економија, нагласи Николовски.

Пред граѓаните на Берово, Николовски најави дека започнува програмата ИПАРД 3, со која во модернизација на македонското земјоделство ќе влезат 128 милиони евра, а 17 милиони евра во општините за развој на руралната инфраструктура.

Ова е потврда и најсилен доказ зошто сме и зошто треба да останеме на европскиот пат, порачаа Николовски и Кузеска во Берово.

Рамо до рамо со граѓаните на Штип денеска беа претседателот на СДММ Марко Михаиловски, заедно со Даниела Рендевска. Михаиловски по повод денешниот Ден на македонскиот јазик се осврна на одговрните, државнички политики, со кои СДСМ меѓународно го заштити и го негува, развива и афирмира македонскиот јазик.

СДСМ преку одговорни, државнички политики меѓународно го заштити македонскиот јазик, а потврда за тоа е и Договорот со Фронтекс, прв договор потпишан со ЕУ, на официјален македонски јазик без додавки и фусноти, рамноправен со сите останати јазици на Унијата, рече Михаиловски, додавајќи дека додека ВМРО-ДПМНЕ лажеше и ширеше хистерија дека македонскиот јазик ќе стане бугарски дијалект, СДСМ, не само што го заштити јазикот, туку воведе и Ден на македонскиот јазик – 5 мај.

Како надополнување на досегашните активности, Владата иницира донесување на нов Закон за употребата на македонскиот јазик, за уште повеќе да го чуваме јазикот како скапоцено културно наследство, да остане аманет за идните генерации, рече Михаиловски.

Можете да прочитате

Гаши уверува дека е обезбедено двотретинско мнозинство за уставни измени

Мицкоски се враќа на режимските практики, тврди Филипче

Мицкоски: Наскоро ќе видите како се прислушувало последните години, ќе се згрозите