Утрински Весник
Свет

Два патнички воза се втурнаа еден кон друг во Хрватска: „Ми рекоа да бидам среќен што немало трагедија“

Два патнички воза се втурнаа еден кон друг во Хрватска: „Ми рекоа да бидам среќен што немало трагедија“

Два патнички воза за малку ќе се судреле кај Славонски Брод, град во Хрватска.

dobivaj vesti na viber

„Денеска во 13.05 часот во Центарот за оперативни комуникации на ПС Брод-Посавина е примена пријава за погрешно пренасочување на воз. За да се избегне судир на воз и друг воз кој доаѓал од спротивниот правец, истите навреме биле запрени, а нема повредени.Станува збор за патнички возови кои сообраќале на релација Винковци – Загреб, и Славонски Брод – Винковци“,  потврдија од полицијата.

Трагедијата била избегната благодарение на смиреноста на машиновозачоте. Тие почнале нагло да сопираат и на тој начин избегнале директен судар.

„Го чекам син ми од Осиек, требаше да го земам на станица и ми рекоа да се радувам што немало трагедија“, раскажува загрижен татко.

Можете да прочитате

Лавров: Западот сака да ја распарчи Русија

Украина уништи руска база на беспилотни летала

Претставничкиот дом на САД гласаше за помош од 9 милијарди долари за Украина