Утрински Весник
Македонија

Амбасадата на САД за Судски совет: Очекуваме сериозно да ги сфаќаат одговорностите

Амбасадата на САД за Судски совет: Очекуваме сериозно да ги сфаќаат одговорностите
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Амбасадата на САД по случувањата во Судскиот совет, караниците и разрешувањето на претседателката, се надева дека службениците сериозно ќе ги сфатат одговорностите кои ги имаат. Оттаму за „Макфакс“ посочуваат дека членовите на Советот имаат задача да изградат независен судски сектор. Тие ги следат случувањата во Советот, каде настана хаос по писмото кое САД го испрати до нив и други правосудни институции.

dobivaj vesti na viber

„Секогаш очекуваме службениците сериозно да ги сфаќаат своите одговорности. Службениците во судството треба да градат независен, транспарентен и одговорен судски сектор, без разлика кој раководи со различните институции“, велат од Амбасадата на САД за „Макфакс“.

Тие минатиот месец испратија и писмо каде ја изразија загриженоста и разочараноста при постапувањето на судовите. По него, почнаа караниците на седница на Судски совет. Потпретседателот Селим Адеми кажа дека тогашната претседателка Весна Дамева го криела писмото и за него дознале од медиумите. Таа се правдаше дека била на одмор и тој требало да го презентира писмото.

По ова, следеше разрешување на Дамева. На јавна седница за нејзина смена гласаа седум членови. Потоа, во четири ѕида, била повлечена одлуката за разрешување на Дамева со седум гласови, па повторно се гласало и со девет гласа ја тргнале од функцијата. Сашко Георгиев, новиот избран претседател, уште неседнат, кажа дека свесно била исклучена јавноста.

Жестоки реакции имаше и од правната фела, кои констатираа низа нерегуларности.

Можете да прочитате

Пуштена во употреба клучката кај Подмоље

Албански државјанин се обидел да подмити полицаец на „Ќафасан“

Мемеди: Имаме 70 до 80 прегледи дневно, кај пет до шест деца неделно изолираме грип од типот А, но поголем е бројот на тие со респираторни симптоми