Утрински Весник
Спорт

Крајот се наближува? Надал се повлече од Рим, неизвесност околу Ролан Гарос

Крајот се наближува? Надал се повлече од Рим, неизвесност околу Ролан Гарос

Рафаел Надал беше приморан да се повлече од уште еден турнир, Мастерсот во Рим, оставајќи голема сомнеж околу неговото учество на неговиот омилен гренд слем, Ролан Гарос, но и за тениската иднина на шпанската легенда.

dobivaj vesti na viber

36-годишниот Надал претходно изјави дека би можел да игра на целата сезона на земја пред Ролан Гарос, но сега ги пропушта турнирите во Монте Карло, Мадрид и Рим, најважните подготовки за гренд слемот.

„Поздрав до сите, многу ми е жал што нема да можам да играм во Рим. Сите знаете колку ми е тешко што ќе пропуштам уште еден турнир кој ја одбележи мојата професионална и лична кариера. Поздрав и љубов до сите италијански фанови“, напиша Надал на Твитер.

Ако Надал се реши да игра во Париз, тоа значи дека нема да има официјален меч на земја пред стартот доколку не влезе на помалите АТП 250 турнири во Женева или Лион.

Можете да прочитате

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари

Михајловски: Среќен сум што донесов медал за Македонија