Утрински Весник
Спорт

Продадени 90 отсто од акциите на ФК Академија Пандев

Продадени 90 отсто од акциите на ФК Академија Пандев

Вчера на Македонската берза биле продадени 2.250 акции на ФК Академија Пандев, македонскиот фудбалски прволигаш во сопственост на поранешниот капитен, Горан Пандев за околу 37 милиони денари, објавува „Фактор.мк“.

dobivaj vesti na viber

За сума од 603 илјади евра се продадени 90 отсто од акциите на фудбалскиот клуб, и засега нема официјална информација кој ги откупи акциите, иако претходно во февруари, компанијата „Брера“ објави дека ја презема контролата на клубот од Струмица.

Пандев, пак, самиот објави соработка со аматерскиот клуб Брера во нов проект за доброто на македонскиот клуб.

Фото: ФК Академија Пандев

Компанијата „Брера“ потврди дека го купи мнозинскиот пакет акции во Академија Пандев

Пандев од Милано: Доаѓам во Струмица со убав проект за македонскиот фудбал

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина