Утрински Весник
Свет

Иран има доволно збогатен ураниум за пет нуклеарни бомби, тврди израелски министер

Иран има доволно збогатен ураниум за пет нуклеарни бомби, тврди израелски министер

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант предупреди во четвртокот дека Иран збогатил доволно ураниум за да изгради пет нуклеарни бомби, пренесува „Џерусалим пост“.

dobivaj vesti na viber

„Досега, Иран акумулираше материјал збогатен до 20 отсто и 60 отсто за пет нуклеарни бомби. Да не се лажете, Иран нема да биде задоволен со само една нуклеарна бомба,“ изјави Галант по средбата со својот грчки колега Николаос Панајотопулос во Атина.

„Не правете грешка – “, рече Галант, според извештајот.

Израел континуирано го обвинува Иран дека се обидува да развие нуклеарно оружје и постојано предупредува дека ќе преземе воена акција ако дипломатските напори не успеат да ја запрат иранската нуклеарна програма.

Иран негира дека сака да создаде нуклеарно оружје и тврди дека не се обидел да збогатува ураниум над 60 отсто чистота, меѓутоа, во февруари, нуклеарното надзорно тело на ОН објави дека во Иран се откриени честички на ураниум збогатен до 83,7 отсто, нешто под 90 отсто потребни за производство на нуклеарна бомба.

Израелскиот министер предупреди дека ако Иран одлучи да збогатува ураниум до 90 отсто, тоа ќе биде „сериозна грешка“ и „може да го запали регионот“.

Галант, исто така, го обвини Техеран дека во последните шест месеци испраќа оружје во Сирија за терористички цели на неделна основа.

„Сирискиот режим треба да биде свесен дека ИДФ ќе одговори силно на какви било напади што ќе бидат започнати од нејзина територија. Нема да дозволиме Иран да воспостави воена моќ во Сирија или да изгради автопат за испорака на напредно оружје во Либан“, додаде тој.

Иран, верен сојузник на сирискиот претседател Башар ал Асад, одигра значајна улога во сирискиот конфликт од неговото избивање во 2011 година.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пак, предупреди вчера дека Иран може да уценува кој било американски град ако добие нуклеарно оружје.

„Фактот дека Иран може да му се заканува на секој град во САД со нуклеарна уцена е промена на историјата. Иран е како 50 Северни Кореи. Тој е идеолошка сила која нè смета нас, Израел, како мала сатана и ве гледа вас како Големиот сатана “, рече Нетанјаху во разговорите со американската конгресната двопартиска делегација предводена од реоубликанскиот конгресмен Мајкл Тарнер која е во посета на Израел.

Последниот развој на настаните доаѓа откако напорите за заживување на израскиот нуклеарен договор од 2015 година се во застој од минатата година. Договорот му овозможуваше на Иран ослободување од меѓународните санкции во замена за строги, но привремени ограничувања на неговата нуклеарна програма.

Договорот се распадна откако САД се повлекоа од него за време на поранешниот претседател Доналд Трамп во 2018 година.

Можете да прочитате

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси