Утрински Весник
Свет

Во Египет се судрија автобус и камион, загинаа 17 лица

Во Египет се судрија автобус и камион, загинаа 17 лица
Dik 300x250 mk

Седумнаесет лица загинаа, а 29 се повредени во судир на автобус и камион на пустински автопат во Египет, соопшти денеска Министерството за здравство на земјата.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила во средата на околу 400 километри југозападно од Каиро, во провинцијата Њу Вали, а на местото на несреќата биле испратени 26 возила на брза помош за да ги пренесат повредените во болниците, се вели во соопштението на Министерството за здравство, пренесе Ројтерс.

Не е соопштено како дошло до несреќата. Сепак, како што потсетува британската агенција, несовесното возење, лошите сообраќајни правила и лошите услови на патиштата се причина за голем број несреќи во Египет.

Во сообраќајни несреќи во таа земја во 2021 година загинале 7.101 лице, што е зголемување за 15,2 отсто во однос на 2020 година, објави статистичката агенција КАПМАС во минатогодишниот извештај.

Можете да прочитате

Пентагон дозволи испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, конечната одлука ќе ја донесе Трамп

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

Се повеќе белгиски државни службеници отсуствуваат од работа поради стрес и премореност