Премиерот Димитар Ковачевски, во Њујорк се сретна со заменик-извршниот директор на УНИЦЕФ, Омар Абди.
На средбата на која присуствуваше и Славица Грковска, заменичка на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНИЦЕФ, која во 1993 година, беше една од првите две агенции на ОН што отвори канцеларија во земјата откако таа стана независна држава.
Премиерот Ковачевски на средбата истакна дека нашата држава придава големо значење на децениите на соработка со УНИЦЕФ, која придонесе за развојот на земјата и во време на криза оваа агенција внесе позитивна промена за генерации деца.
На средбата, заменик-извршниот директор на УНИЦЕФ, Омар Абди, ја потенцираше исклучителната соработка со Владата во доменот на реформите во образованието, бидејќи се од суштинска важност за правилно поставување на темелите на просперитетот на земјата.
Абди упату честитки во име на УНИЦЕФ за извонредниот напредок на земјата, постигнат во изминатите 30 години.
Изрази задоволство што УНИЦЕФ се партнери на Владата и ја реафирмираше подготвеноста за натамошна соработка и поддршка во реформскиот процес.
Претседателот на Владата, Ковачевски упати порака и за понатамошна соработка и исткана дека Владата во Северна Македонија ги препознава вредностите на УНИЦЕФ и е благодарна и дава поддршка во нејзините активности и иницијативи во сферата на детската заштита, образованието, социјалната заштита, следење на правата на децата, адолесцентите и младите.