Утрински Весник
Спорт

„Марка“: Реал го договори најголемиот трансфер во клупската историја

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Реал Мадрид ги заврши преговорите за трансфер на младиот играч за врска Џуд Белингем, објавија денеска шпанските медиуми.

„Договорот е затворен“, пишува „Марка“ и додава дека Реал на Борусија Дортмунд ќе и плати 120 милиони евра, што е ќе биде најголемиот трансфер во историјата на Реал. Претходниот рекорд го држи Еден Азар. За неговиот трансфер клубот издвои 115 милиони евра.

„Реал и Белингем се договорија, останува уште завршниот состанок на кој преговарачите на клубот ќе ги договрат договорат сите детали“, пишува Фабрицио Романо.

Во истиот текст се наведува и дека Манчестер Сити на младиот англиски играч за врска му понудил поголема плата од таа што ќе ја добива во Мадрид, но Белингем сепак решил да замине во Реал каде неговата бруто плата, на годишно ниво ќе изнесува 12 милиони фунти.

Како што пишува „Ac“, доаѓањето на Белингем не менува ништо во однос на судбината на Модриќ и Крос на кои ќе им бидат продолжени договорите. И покрај тоа, реално е да се очекува дека млади ѕвезди во средниот ред на Реал следната сезона значително ќе влијаат на минутажата на најголемите асови на мадридскиот клуб, пред се Лука Модриќ.

Можете да прочитате

Претседателот на Севилја удри по Реал и Барселона: За нив правилата не важат

Дејвид Мојс по 12 години се врати во Евертон

Анчелоти ја напаѓа Барселона со најсилниот тим за третиот трофеј во сезоната