Утрински Весник
Македонија

Пенов на средба со Институтот за локална самоуправа на Косово: За земјите од регионот заеднички именител е европската перспектива

Пенов на средба со Институтот за локална самоуправа на Косово: За земјите од регионот заеднички именител е европската перспектива

Земјите од регионот имаме иста стратешка цел, членство во Европската Унија, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов за време на состанок со делегација од Институтот за локална самоуправа на Косово.

dobivaj vesti na viber

-За земјите од регионот заеднички именител е европската перспектива и на тој пат најважно е да покажеме прво внатрешна стабилност и стабилност на регионот. Соработката меѓу земјите, меѓу институциите и меѓу граѓаните е првиот и најважен чекор преку кој ја манифестираме нашата зрелост како регион, додаде тој.

Пенов ја поздрави одлуката на Европскиот парламент за либерализација на визниот режим за косовските граѓани.

-Северна Македонија го отпочна процесот на отворање на преговарачката рамка. Скринингот од страна на Брисел е во тек. Се надеваме на целосно отворање на преговорите, што е услов за политичка, економска и социјална стабилност и за развој на државата, додаде Пенов.

Според него локалната самоуправа секогаш е важна и актуелна тема, зашто е еден од суштинските столбови во градењето на политичкиот систем на државата. Поставеноста на локалната самоуправа има директно влијание на демократизацијата на општеството, на меѓуетничките односи, како и на балансираниот социо-економски развој на државата.

 

Можете да прочитате

Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

Се работи на решение за забрзување на царинските формалности и обработка на пратките

И ова се случи: Почината во 2006, се породила во 2025 неверојатен случај во Тетово