Утрински Весник
Спорт

Куп на Македонија: во полуфиналето Вардар против Алкалоид

Куп на Македонија: во полуфиналето Вардар против Алкалоид
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија се оддржа извлекување на полуфиналните двојки во Купот на Македонија.

dobivaj vesti na viber

Трофејот во Купот го брани Вардар 1961. Во полуфиналето, црвено-црните, ќе се сретнат со хитот на сезоната, Алкалоид. Екипата која ја предводи македонскиот селектор, Кирил Лазаров, пред два месеци го порази Вардар 1961 во Супер лигата.

Втората полуфинална двојка ја формираа Еуурофарм Пелистер и Тинке Пролет.

Во женска конкуренција во полуфиналето ќе играат ЖРК Ѓорче Петров-ЖРК Вардари и бранителот на трофејот ЖРК Металург против ЖРК Куманово.
Домаќин на завршниот турнир во Купот на Македонија, од 11. до 13. мај ќе биде Охрид.

Фото/ macedoniahandball.com.mk

Можете да прочитате

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата