Утрински Весник
Македонија

Грковска-Џакта: Поголемата транспарентност води кон поголема контрола и одговорност

Грковска-Џакта: Поголемата транспарентност води кон поголема контрола и одговорност

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во рамките на посетата на ООН, имаше работен состанок со Ларби Џакта, претседавач со Меѓународната комисија за цивилна служба на Обединетите Нации, на кој се разговараше за транспарентноста, отчетноста, но и почитувањето на етичките вредности, како предуслов за одговорно работење.

dobivaj vesti na viber

Меѓународната комисија за цивилна служба одлучува за трошењето на 70 проценти од годишниот буџет на ООН, кој во најголем дел се однесува на трошоците за службата на оваа организација, поради што се наметнува потребата постојано да се унапредува и надградува транспарентноста и отчетноста во овој процес.

Грковска истакна дека унапредувањето на транспарентноста на институциите, особено во начинот на кој се трошат јавните пари е врвен приоритет за нејзиниот Кабинет имајќи предвид дека на тој начин се зголемува и одговорноста, но и отчетноста.

Таа информираше за иницијативата на нејзиниот кабинет за проактивна транспарентност на институциите како во делот на јавните набавки, така и во однос на информациите за кои граѓаните, граѓанските организации, медиумите покажале најголем интерес.

Претседавачот Џакта информираше дека Меѓународната комисија во моментов работи на хармонизација на системите на ОН, но и на обезбедување сеопфатен холистички пристап во кој значаен елемент е транспарентноста.

Двајцата соговорници разговараа и за етичките принципи, вградени во Кодексот за однесување на ОН, како и за потребата овие принципи постојано да се унапредуваат во согласност со општествените промени и технолошкиот напредок.

Можете да прочитате

По пет години пауза, повторно летови меѓу Скопје и Доха

ВЛЕН: Во Мала Речица секое утро проверуваат да не имаат некој член на црната листа

Сиљановска-Давкова присуствуваше на традиционалниот празничен ручек што го приредува архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан по повод неговиот именден