Утрински Весник
Магазин

Бендот на Кијану Ривс со нова музика по пауза од 23 години

Бендот на Кијану Ривс со нова музика по пауза од 23 години

Бендот на Кијану Ривс, „Догстар“, ќе објави нова музика првпат по 23 години.

dobivaj vesti na viber

„Догстар“ нема издадено албум од Happy Ending во 2000 година, но по повторното обединување минатото лето, членовите најавија дека ќе објават нови песни подоцна ова лето.

Бендот во кој холивудскиот актер Кијану свири бас гитара се огласи на „Инстаграм“: „Ви благодариме на сите за убавите коментари. Пресреќни сме што гледаме таков одговор.“

„Искрено, не го очекувавме ова, нè тера да сакаме да свириме уште повеќе.“

„Ќе објавиме нова музика ова лето, проследена со неколку свирки. Штом ќе имаме попрецизни информации, веднаш ќе ги известиме сите.“

Можете да прочитате

Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026

Финансиски хороскоп за јуни: Кој ќе заработи, а кој мора да штеди

Освежителна зеленчукова салата со тестенини