Утрински Весник
Македонија

Казни за 247 возачи во државата, возеле над дозволеното

За четири часа 51 казна за брзо возење на територија на СВР Битола

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што изречени се казни за 247 возачи.

dobivaj vesti na viber

Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 133 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 114 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Зајкова за скандалот во авиосообраќајот: Зошто Владата молчи и кога половина милион евра ќе им се вратат на граѓаните?

Македонија како под вршник, температури до 40 степени

СДСМ: Поради неодговорноста на тендер патриотите Мицкоски и Клековски – отруена е цела Македонија