Утрински Весник
Спорт

ПСЖ го брани Меси

ПСЖ го брани Меси
Dik 300x250 mk

Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен излезе со официјално соопштение во кое го осуди однесувањето на сопствените навивачи. Ултрасите на ПСЖ, вчера го изразија незадоволството од однесувањето на Лионел Меси. Го нарекоа Аргентинецот „кучкин син“.

dobivaj vesti na viber

„Пари Сен Жермен силно ги осудува неприфатливите и навредливи дејствија на мала група поединци. Ништо не може да ги оправда таквите постапки. Клубот им дава целосна поддршка на своите играчи и управата и на сите оние кои се погодени од ова срамно однесување“, се вели во соопштението.

Да потсетиме, Аргентинецот реши да отпатува во Саудиска Арабија за да го исполни договорот со саудиската туристичка агенција откако двапати го одложуваше, откри „Марка“.

Според извори од парискиот клуб, 35. годишниот фудбалер „еднострано“ одлучил во понеделникот да не присуствува на тренингот по неделниот пораз од Лориен со 3:1. Тој реши да оди на „промотивни обврски“ на илјадници километри од Париз.

Тој веќе бил во авионот за Саудиска Арабија кога го упатил барањето до клубот, кој неочекувано ја сменил својата одлука и закажал тренинг за понеделник наутро. Логично, Меси не се појави. Клубот реагираше со суспензија.

Аргентинецот е суспендиран на две недели и нема да може да тренира со тимот тим во следните 14 дена, во кои ќе пропушти два првенствени натпревари.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја