На повеќе места во центарот на Белград се собраа голем број граѓани за да им оддадат почит на жртвите од денешниот масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ и да им дадат поддршка на нивните семејства.
Тие донесоа цвеќе и запалија свеќи за осумте убиени деца и обезбедувачот Драган Влаховиќ.
Многумина не можеа да ги задржат солзите.
Покрај цвеќе и запалени свеќи, оставени пораки за своите другари.
Луѓето се собраа во близина на училиштето каде утринава околу 8 часот и 40 минути момче уби чувар и осум ученици, а повреди уште шест деца и наставник, а потоа полиција го уапси.
Утре во 14 часот децата од сите училишта ќе се соберат во ОУ „Владислав Рибникар“ да запалат свеќи, пишуваат српските медиуми.