Феникс 2010, и покрај тоа што беа без својот најдобар кошаркар, Бојан Трајковски стигнаа до 83:81 победа над Пелистер за да изборат „мајсторка“ во четврт-финалната серија во македонскиот шампионат.
Домаќините имаа осум тројки за постојано да го одржуваат минималното водство, за во финишот да се одвојат на 80:74. По неколку грешки, Петеков погоди за 83:81, за во последните дваесет секунди, битолчни да имаат шанса да ја осигураат победата. Стајиќ не беше ефикасен за тројка, а потоа Карпентер не успеа да погоди од скок, за победа на Феникс.
Третиот меч се игра во Битола.
Фото: КФМ