Утрински Весник
Свет

Медведев: Не преостанува ништо освен физичката елиминација на Зеленски

Медведев до Полска: „Ќе исчезне заедно со глупавиот премиер“- Варшава: Мешањето на алкохол и дрога е опасно
Ss2

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев изјави дека по денешниот терористички напад со беспилотно летало не останува друга опција, освен физичката елиминација на Володимир Зеленски.

dobivaj vesti na viber

„По денешниот терористички напад не остана ништо друго освен физичка елиминација на Зеленски и неговата клика“, напиша Медведев на каналот Телеграм.

Img 5587

Според него, Зеленски „не е потребен ниту да го потпише актот за безусловно предавање“.

„И Хитлер, како што знаете, не го потпиша. Секогаш ќе има замена како адмирал Дониц“, додаде заменик-претседателот на Советот за безбедност, алудирајќи на адмиралот Карл Дониц, последниот поглавар на Третиот рајх кој ја потпиша капитулација на нацистичка Германија, пренесуваат медиумите во регионот.

Претходно прес-службата на Кремљ објави дека режимот во Киев се обидел со беспилотни летала да ја нападне резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ.

Според соопштението од таму, и двата дрона се оневозможени. Во нападот нема жртви или материјална штета. Портпаролот на претседателот Дмитриј Песков подоцна за „РИА Новости“ изјави дека претседателот во тој момент не бил во Кремљ.

Ss1

Можете да прочитате

Демократите во Конгресот бараат од Бајден да размисли за прекин на продажбата на оружје на Израел

СВП: Проширувањето на ЕУ треба да се заснова на рамнотежа на геополитичката волја и заслугите на кандидатите

Напад во близина на Париз: Едно лице загина, неколку се повредени