Србија прогласи тридневна жалост по масакрот во училиштето во Белград, пришто загинаа девет ученици и чуварот во училиштето.
„Нема начин да се вратат. Едно девојче е во критична состојба, се што можеше да се направи е направено, се уште се бориме за нејзиниот живот. На децата ни останува само да им посакаме брзо закрепнување“, рече министерот за образование Бранко Ружиќ.
На прес-конференцијата министерот повика на едноминутно молчење да им се оддаде почит на сите загинати во трагичниот настан.
„Во име на Министерството за образование изразувам најдлабоко жалење за најголемата трагедија што ја снајде Србија и нашиот образовен систем. Трагедијата што се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ пришто животот го загубија осум деца, како и припадник на обезбедувањето на училиштето, додека повредените се хоспитализирани. Никој не може да им ги врати децата на родителите, настанот се случил околу 8 часот кога ученик од седмо одделение од ова училиште за прв пат во Србија го извршил овој чин. Благодарен сум на нашите здравствени работници и го молиме Господ да им помогне на сите кои се хоспитализирани и имаат потреба од лекарска помош“, рече министерот.
Како што додаде, шест деца се хоспитализирани и еден наставник.