Утрински Весник
Свет

(видео) Захарова: Никогаш нема да објават фотографии од нападите на Северен тек

(видео) Захарова: Никогаш нема да објават фотографии од нападите на Северен тек

Извршителите на терористичкиот напад на Северен тек се уште не се пронајдени, меѓу другото, поради немање политичка волја во земјите – Германија, Данска и Шведска- кои го истражуваат нападот да обезбедат транспарентност на истрагата, тврди портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пренесуваат руските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Захарова уште еднаш истакна дека истрагата може да биде транспарентна само со учество на надлежните руски власти и на „Газпром“.

„И навистина, нема информации за истрагата за Северен тек“, додаде Захарова.

По нотата од Руската амбасада во Стокхолм од 12 април за итно споделување информации за околностите на терористичките напади на гасоводот како и за инволвираните лица, Шведска само формално одговорила дека ‘истрагата е во тек’.

„Класичен маѓепсан круг. Театар на апсурдот“, заклучи Захарова и посочи дека не постои дијалог меѓу Русија и земјите што ја водат истрагата бидејќи тие земји се обидуваат да ги задржат недостапни информациите за нападот.

„Сепак, сè уште има некои информации. Во медиумите во западните земји се шират неосновани русофобични инсинуации, очигледно на предлог на армијата и на специјалните служби“, додаде таа, потсетувајќи на информациите што данската армија ги достави до весник „Информашон“.

Данскиот весник неодамна објави дека руски воен брод СС-750 е виден во зоната на експлозија на гасоводот четири дена пред инцидентот. Според објавените информации, на бродот наводно имало опрема за специјални операции на морското дно, а весникот посочи и дека данските разузнавачки служби располагаат и со најмалку 24 фотографии од рускиот брод.

Меѓуоа, како што посочува Захарова, фотографиите никогаш не беа ниту ќе бидат објавени.

„Секој нормален ќе праша каде се тие фотографии. Да видиме. Но нема да ги видите, поради, како што истакна Данска, нивната ‘чувствителна’ природа“. Ваквите сознанија очигледно немаат за цел да ја утврдат вистината, туку, напротив, се наменети да ја направат ситуацијата недоволно јасна,“ вели Захарова, додавајќи дека Западот сака да создаде алтернативни верзии на нападот и да го оттргне вниманието од вистината.

Во периодот од 19 до 24 септември 2022 година, руската Балтичка флота во рамките на планските вежни увежбуваше практични дејства на морските полигони во Балтичкото Море, потсетува Захарова.

Силите и средствата на Балтичката флота вклучени во вежбата во наведениот период не можеле да се наоѓаат во зоната на терористичкиот напад на гасоводот Северен тек 2 поради големата географска оддалеченост на полигонот за борбена обука на флотата.

Сите активности за борбена обука на флотата биле изведени на полигоните во југоисточниот и центраалниот дел на Балтичкото Море, додека експлозијата на гасоводот се случи близу данскиот остров Борнхолм. Сите активности на флотата во тоа подрачје би претставувале кршење на Конвенцијата на ОН за морското право.

Самиот факт дека новата ‘верзија’ за наводата вмешаност на Русија се појави во западните медиуми по повеќе од шест месеци од астаните, според Захарова, е уште еден доказ дека продолжува кампањата за дезинформирање што ја води Западот.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници