Утрински Весник
Македонија

Од идната недела работната група ќе ги калеми уставните измени, заменичката во Правда тврди дека експертите се соодветни

Од идната недела работната група ќе ги калеми уставните измени, заменичката во Правда тврди дека експертите се соодветни

Работната група за уставни измени ќе се состане од наредната недела. Заменик-министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ, порача дека со министерот нема да се мешаат во одлуките кои ќе се носат. Прашана дали ќе се прошири експертската група – одговори дека таков план засега нема.

dobivaj vesti na viber

„Се договорија да започнат со работа по 7-мај кога ќе има начелен став по кој модел ќе работат. Министерството за правда и министерот нема да се мешаме во делот на постапување, бидејќи сметаме дека таму има експерти, професионалци кои најдобро ќе си ја завршат работата. Уставните измени се единствениот пат кон ЕУ“, истакна Викторија Аврамовска Мадиќ.

Таа додаде: „Во моментов, работната група ќе работи во составот кој е формирана. Таму има доволно и соодветни експерти за да допридонесат за она за што се формирани“.

Партиите номинираа 13 претставници за работната група која што ќе работи на амандманите за уставни измени, со кои Бугарите треба да бидат внесени во Преамбулата на македонскиот Устав.

Можете да прочитате

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски

Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика