Утрински Весник
Македонија

Нема помизерен начин за покачување на платите на политичарите од овој што го смислија власта и опозицијата, вели професорката Павловска-Данева

Нема помизерен начин за покачување на платите на политичарите од овој што го смислија власта и опозицијата, вели професорката Павловска-Данева

Нема помизерен, погрд, понечесен и помалку транспарентен начин за покачување на платите на политичарите (пратеници и министри и се што од нив се избира/именува), судиите, обвинителите и партијашите поставени по управни, надзорни одбори и директорски позиции, од овој што го смислија власта и опозицијата заедно, а во кој (за пусти пари, се разбира) се вовлече и Уставниот суд, коментира Ана Павловска – Данева, професорка на Катедрата по административно право и јавна администрација на Правниот факултет „Јустинијан Први“

dobivaj vesti na viber

„Платите на дел од овие функционери беа навистина несоодветно ниски во споредба со платите не само на членови на управувачкиот менаџмент на разно-разни “регулатори”, туку дури и платите на нивните секретарки сериозно се приближуваа до платите на премиерот и министрите. Овој факт требаше да се констатира, да се поткрепи со докази и да се понуди законско решение колку и да е тоа непопуларно. Што направи власта и опозицијата по ова прашање? Се договорија Уставниот суд како ‘укинувач на противуставни законски одредби’, да ја преземе и улогата на ‘покачувач на платите’ односно да биде преземач на гневот на граѓаните за оваа крајно непопулистичка мерка. На овој начин ‘отидоа нагоре’ платите не само на оние што реално заслужуваа покачување туку повторно сите ‘топтан’ ќарија од одлуката на Уставен, што секако не е ниту системско, ниту праведно решение“, смета професотрката.

Како што додава, денес функционери од власта наивно пробуваат да ги убедат граѓаните дека за нив е најважно да се легалисти, па ете мора да ја почитуваат одлуката на Уставен, додека функционерите од опозицијата цинично ја критикуваат власта, а во кулоарите тријат раце, надевајќи се дека јавната осуда ќе биде насочена (само) кон власта.

„Посакувам да имавме барем еден политичар “with balls” (како што милува да каже Премиерот), кој ќе излезеше пред јавноста, ќе кажеше дека цврсто стои зад одлуката дека платите на функционерите треба да се покачат, тоа ќе го образложеше со сериозна аргументација и ќе успееше да убеди барем дел од јавноста во исправноста на изнесениот став. Но, таков не се појави. Ниту од власта, ниту од страна на опозицијата. Што ќе рече – ние се соочуваме со сериозен недостаток на balls на македонската политичка сцена“, наведува во објавата.

Можете да прочитате

УХМР: Од петок студен бран во Македонија – се очекуваат поројни дождови

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија

Исчезната е Владанка Спиковска од Скопје – доколку некој ја види веднаш пријавете