Утрински Весник
Свет

(Видео) Сенатор од Минесота се појави топлес за време на видео гласање

(Видео) Сенатор од Минесота се појави топлес за време на видео гласање

Сенаторот од американската сојузна држава Минесота, Келвин Бар (60) накратко се појави топлес за време на видео повик.

dobivaj vesti na viber

Додека го поддржуваше предложениот закон, Бар беше во кревет, а зад него, на ѕидот имаше фотографија од детски цртан филм, пренесе „Би-Би-Си“.

Гласањето во Сенатот на Минесота беше емитувано во живо на „YouTube“ во понеделникот. Но тој не го коментираше инцидентот.

Сфаќајќи дека оди во живо, Бар брзо ја исклучи камерата откако кажа „Да“.

Бар е конгресмен од 2016 година, кога првпат беше избран за претставник на Републиканската партија во Претставничкиот дом на Минесота, а минатата година влезе во Сенатот на истата држава.

Според написите во медиумите тој не е првиот сенатор од Минесота кој стана вирален на социјалните мрежи.

Во февруари 2021 година, републиканскиот конгресмен Том Емер се појави свртен наопаку на состанокот на „Зум“, предизвикувајќи смеа кај неговите колеги.

„Ти си наопаку, Том“, го известил колега, на што Емер одговорил: „Не знам како да го поправам тоа“.

Можете да прочитате

Почина патник за време на лет од Париз

На рудари во нелегален рудник за злато во Јужна Африка им била скратена храна и вода, извлечени се 60 тела

Полскиот премиер тврди дека е постигнат напредок со Украина во врска со спорот од Втората светска војна