Утрински Весник
Магазин

Џек Николсон со појави во јавност првпат по две години на кошаркарски натпревар

Џек Николсон со појави во јавност првпат по две години на кошаркарски натпревар
Dik 300x250 mk

Џек Николсон ги остави фановите пресреќни кога првпат по две години се појави во јавноста на кошаркарски натпревар на неговиот омилен тим „Лејкерс“.

dobivaj vesti na viber

Култната холивудска ѕвезда се чини дека е здрав, среќен и расположен, пренесуваат медиумите.

Гледајќи ги „Лос Анџелес лејкерс“ во петокот, Џек (86) изгледаше задоволен и дури можеше да се види како широко се смее додека им се восхитува на играчите на теренот од првиот ред.

Пензионираниот актер, познат по широкиот спектар филмски улоги, последен пат излезе во јавност во октомври 2021 година во арената „Крипто.ком“, претходно позната како „Стејплс центар“, кога присуствуваше на натпревар на „Лејкерс“ со синот Реј.

Можете да прочитате

Три хороскопски знаци што привлекуваат богатство без многу труд

Ватс ап стигна и на Ејпл Воч

Денеска се празнува Митровден – 24info.mk