Утрински Весник
Спорт

Швед завршил во болница, го нападнале хулигани

Швед завршил во болница, го нападнале хулигани

Кошаркарот на ЦСКА Москва, Алексеј Швед, во понеделникот вечерта бил физички нападнат. Швед побарал лекарска помош, но засега нема информации за точната природа на неговите повреди.

dobivaj vesti na viber

Според руските медиуми, хулигани го нападнале Швед кога тој излегувал од ресторан. Тој бил пренесен во болница, а полицијата започнала истрага за инцидентот.

По повод овој инцидент се огласи клубот, но без конкретни информации околу повредата на кошаркарот.

„Швед ќе ги пропушти следните неколку натпревари“, обваци ЦСКА.

Инаку, споменатиот инцидент се случи на денот кога ЦСКА, на чија клупа седи македонскиот тренер Емил Рајковиќ, беше елиминирана во полуфиналето на ВТБ лигата од Локомотив Кубан.

Швед кариерата ја започна во ЦСКА, во која се врати пред две години. Помеѓу два мандати во најголемиот руски клуб, тој, меѓу другите, играше и за Хјустон Рокетс, Њујорк Никс и Химки.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ