Утрински Весник
Македонија

(Видео) Паднаа првите жртви за тунелот во „Идризово“, суспендирани неколкумина вработени оти го помогнале копањето

(Видео) Снимка од тунелот во Идризово, полицијата со детали како осум осудени спремале бегство
Dik 300x250 mk

За ископаниот тунел во дворот на затворот „Идризово“ има суспендирани, уверува новиот директор на казнено-поправната установа, Зоран Јовановски. Кои вработени се суспендирани и колкумина се, најавува дека ќе открие откако ќе биде поднесен обвинителниот акт.

dobivaj vesti na viber

„Има суспендирани, но не можам да кажам колкумина се ниту пак какви било други детали. Истрагата е во тек, се работи на расчистување на случајот. Наскоро очекуваме и обвинителен акт, но да почекаме да завршат постапките“, вели директорот Јовановски.

Тој во интервју за „Макфакс“ беше прашан дали затворениците ќе избегале ако не и се појавиле подземни води, поради кои, неофицијално, копањето запрело.

Тунелот во затворот „Идризово“ беше откриен пред еден месец, а од МВР известија дека знаеле за него два месеци претходно. Во копањето учествувале најмалку осуммина затвореници осудени за сериозни кривични дела со казни од 10 години до доживотен затвор. Долг е 40 метри, осветлен и заштитен од уривање со потпори.

Води кон високата заштитна ограда, а лоциран е веднаш до објект кој се користел за складирање јаглен во дворот. Затворските работници иако имале индиции дека има сомнително движење на осудениците околу помошните простории, тунелот го откриле откога почнале подготовка за уривање на помошните простории меѓу кои и онаа за складирање јаглен.

Можете да прочитате

45 поднесени кривични пријави до сега во врска со пожари на отворен простор, лишени од слобода 66 лица

Директорот на М-НАВ работел како контролор на празник за да добие двојна дневница!?

По две децении промена во Струмица, Петар Јанков го презеде градот од Костадинов