Утрински Весник
Спорт

Џејдон Санчо се враќа во Борусија Дортмунд?

Џејдон Санчо се враќа во Борусија Дортмунд?
Dik 300x250 mk

Џејдон Санчо би можел да го напушти Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок и да се врати во Борусија Дортмунд. Клубот од „Олд Трафорд“ го доведе Санчо пред две години за 85 милиони евра од германскиот клуб, но тој не се наметна како голема ѕвезда во тимот на „црвените ѓаволи“.

dobivaj vesti na viber

Оваа сезона забележа 34 настапи, дел од нив како првотимец, но и како резервист од клупата. Постигна шест и асистираше за два гола и по се изгледа дека не го оправдува тоа што клубот го вложил во него.

Санчо би можел да се врати во Борусија Дортмунд, тимот за кој постигна 50 и „намести“ 64 гола на 137 натпревари од 2017 до 2021 година.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата