Утрински Весник
Спорт

Трагедија во Франција – Убиен европски првак во бокс

Трагедија во Франција – Убиен европски првак во бокс

Еден од најперспективните европски боксери, Вилфрид Флорентин, е убиен по расправија пред ноќен клуб во Бон сур Марн, пренесува „Лекип“.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за боксер кој го освои златниот медал на Европското првенство во во 2019 година во Софија, во категоријата до 91 килограм.

Полициските извештаи наведуваат дека тој бил застрелан пред ноќен клуб во саботата вечерта, а од повредите починал во неделата попладне.

Флорентин работел како обезбедување во наргиле бар.

Полицијата пристигнала доцна, кога пукањето завршило, а боксерот бил пренесен во болница од неговите пријатели.

Што навистина се случило ќе покаже истрагата, иако неофицијално се зборува дека настанала тепачка поради девојка за која Флорентин бил заинтересиран.

Инаку, тој минатата година стана професионалец и од септември до овој месец забела три победи.

 

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ